Според „Алмакос“, рускиот амбасадор во Скопје пред четири дена бил повикан во МНР, каде што му е посочено дека дипломатот за неколку часа треба да ја напушти земјава.
Попладнето на 14 мај 2021 година, рускиот амбасадор во Северна Македонија, Сергеј Александровиќ Баздикин, бил повикан во Министерството за надворешни работи, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и дека за неколку часа треба да ја напушти земјата, пренесува „Алмакос“.