Свет

Руски оклопни возила во Киев

Руски оклопни возила во Киев

Руски сили влегоа во главниот град на Украина. Според украинските власти, Русите влегле во областа Оболон и воо моментов таму се водат борби.

Украинското Министерство за одбрана ги повика граѓаните да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели.

Населбата во која се водат борбите е на девет километри од центарот на Киев. Украинската армија претходно објави дека борбите против колоните руски оклопни возила се водат во Димер и Иванкив, предградијата на Киев.

На социјалните мрежи се појавија снимки од руски оклопни возила на улиците на Киев. Според Би-Би-Си, ова е областа Оболон.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни