Наука и технологија

Руски воен офицер лета во вселената со Американците

Руски воен офицер лета во вселената со Американците

Александар Гребенкин, поранешен руски воен офицер и сегашен космонаут на Роскосмос, треба да отпатува до Меѓународната вселенска станица како дел од тимот на НАСА.

Рускиот космонаут нема искуство со летање во вселената, пред да се приклучи на космонаутскиот одред служел во техничко-оперативните единици на руските воздухопловни сили, што предизвика масовна кампања на Украинците во која тие ја изразија „својата огорченост“.

НАСА во соработка со SpaceX планира да го лансира Crew-8 до Меѓународната вселенска станица најдоцна до четврток, 22 февруари.

Тимот Crew-8 го сочинуваат астронаутите на НАСА Метју Доминик (командант), Мајкл Барат (пилот) и специјалистот за мисии Жанет Епс, заедно со рускиот космонаут Гребенкин. Нивната мисија, која трае приближно шест месеци, ќе вклучува различни истражувачки и оперативни задачи.

Crew-8 ќе отпатува до вселенската станица на вселенското летало Dragon, наречено Endeavour, кое во моментов се реновира за својот петти лет.

Според информациите од отворени извори, Александар Гребенкин нема искуство во вселенски летови и пред да се приклучи на одредот на космонаутите, служел во техничко-оперативните единици на руските воздухопловни сили како воен офицер.

Летот во кој ќе учествува Русинот е планиран два дена пред втората годишнина од руската инвазија на Украина.

Објавата на Фејсбук на НАСА за овој лет доби огромен број критики и негативни коментари од украинските корисници на социјалната мрежа: Украинците побараа објаснувања од американската вселенска агенција и ја осудија соработката со Роскосмос.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни