Аеродромот „Н. Казанџакис“ во Ираклион повторно беше затворен поради протести на земјоделци, пчелари и рибари од Ираклион, Ласити и Ретимно, јавува грчката државна телевизија ЕРТ.
Поради блокадата, летовите од Ираклион и Атина се откажани, а нормализацијата на сообраќајот се очекува денес најрано до 11 часот по локално време, кога Координативниот комитет ќе одлучи за понатамошните чекори, пишува весникот Катимерини.
Протестите се интензивираа вчера откако демонстрантите влегоа на аеродромската писта напладне, што доведе до прекин на летовите до 18 часот.