Свет

Руските научници развија ново соединение за борба против ракот

Руските научници развија ново соединение за борба против ракот

Експерти од Државниот универзитет во Мари и Федералниот истражувачки центар Уфа при Руската академија на науките развија ново хемиско соединение кое би можело да стане основа за создавање иновативни лекови против тумори, објави Министерството за наука и образование на Русија.

Ова соединение делува селективно на туморските клетки, речиси без да ги оштети здравите клетки, а неговата молекуларна структура комбинира фенотијазинска и трифенилфосфониумска група.

Благодарение на таа комбинација, соединението ја таргетира „слабата точка“ на туморските клетки – митохондриите и ја нарушува нивната работа, пренесува РИА Новости.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни