Руските власти соопштија дека во текот на ноќта собориле неколку десетици украински беспилотни летала и додадоа дека нема жртви.
„Нашата одбрана уништи 61 украинско беспилотно летало“, соопшти утринава руското Министерство за одбрана, додавајќи дека повеќето од нив се уништени во близина на границата со Украина.
Четири аеродроми рано утринава мораа накратко да го стопираат воздушниот сообраќај „од безбедносни причини“, соопшти руската управа за цивилно воздухопловство.
Како одговор на руските бомбардирања во Украина, Киев редовно спроведува напади со беспилотни летала во Русија, особено на воени и енергетски локации.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, Русија во текот на ноќта истрелала вкупно 103 беспилотни летала.