„Само што завршивме со преизнесувањето на осомничените за предложената мерка притвор“ рече обвинителката Вилма Рускоска и кажа дека се чека одлуката на судија во претходна постапка, по барањето на обвинителството за Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.
На прашањето кои се основите за мерка притвор, Рускоска појасни дека опасност од бегство, влијание на сведоци и попречување на истрага се основите на Обвинитлството.
За поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, судијката рече дека си замина затоа што се повика на пратеничкиот имунитет.
Исто така рече дека во врска со краткото соопштение кое го објавија врз основа на еден доказ дека никогаш, ниту наредба за истрага, ни обвинение се базира само на сведочење на еден орган или на еден сведок. Покрај сведочења на сведоци или на обвинети мора да има и други материјални докази што во конкретнот случај Обвинителството ги поседува.