Македонија

„Сѐ започнува од еден сон“ – Ахмети бара поддршка за прв премиер Албанец

“Се има почеток и се започнува од еден сон“. Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети преку видео порака го објави стремежот на неговата партија за прв премиер Албанец во РСМ. Откако ги наброја постигнувањата на Албанците во Македонија, наведувајќи ги раководните позиции, министерства раководени од Албанци, вклучувајќи ја и спикерската функција во Собранието, рече дека тоа не е доволно.

„Сега е време за продолжување на сонот. За поголеми соништа, бидејќи дојде време да се постигне повеќе. Северна Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме еднаков дел во историјата, наследството, економијата и иднината на нашата земја. Сега е време за целосна рамноправност, за преземање одговорност за водство! Време е за прв премиер Албанец во Северна Македонија“, истакна Али Ахмети.

Ахмети вели дека идејата за премиер Албанец не се однесува на ДУИ ниту на него како претседател. Вели дека тој само го поплочува патот за остварување на овој сон а за кого бара поддршка од сите други албански партии.

„Сега е време. Време да се обединиме, време да дејствуваме повторно заедно. Ова е повик за сите албански партии и сите граѓани Албанци и останатите, да ја поддржат нашата кауза, која е поголема од сите нас. Сега е време заедно да ја создаваме историјата. Не е едноставно само еден сон, туку е наша шанса. Шанса да изградиме ново општество, вокое нашите деца ќе может да постигнат се за што ќе сонуваат“, посочи Ахмети.

За некого, според Ахмети, оваа идеја може да се чини неостварлива и смешна, но на тоа гледа како нешто добро, бидејќи како што вели, кога ти се негира некој сон, те тера да работиш уште повеќе за да го оствариш, затоа говорот го заврши со барање да не се губи храброста да се сонува, туку да се верува дека соништата можат да се остварат.
Ваквата идеја останатите албански партии ја поддржуваат, но не идеја на ДУИ. Според Алтернатива стравот на ДУИ дека ќе одат во опозиција е резултат за оваа идеја. За БЕСА ваквата идеја е само дефокусирање од како што велат неуспесите во изминатите 18 години, додека од Алијанса за Албанците велат дека ДУИ е во паника поради поразот на претстојните избори, поради тоа излегува со вакви идеји.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни