Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер денеска во просториите на Црвен крст на Република Македонија изврши примопредавање на мобилно оперативно возило.
„Среќна сум што можеме конечно формално да ја доделиме оваа донација, мобилен оперативен центар. Амбасадата на САД работиме Македонија да добие уште мнгу вакви возила, кои ќе помогнат да да се менаџираат кризите. Се надевам дека сфаќате колку е важно да се менаџериаат кризите. Сите знаете од минатата година со пожарите колку вакво нешто беше потребно, и сега ми е чест што можеме да предадеме едно вакво возило кое ќе биде од корист на сите граѓани“, изјави Агелер.