Свет

САД ја предупредија Кина да не и дава помош на Русија

САД ја предупредија Кина да не и дава помош на Русија

За време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, државниот секретар Ентони Блинкен го предупреди кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји дека Пекинг не треба да и дава никаква поддршка на Русија поврзана со нејзината инвазија на Украина.

Средбата доаѓа во време на тензии меѓу Вашингтон и Пекинг откако претседателот Бајден во интервјуто во неделата рече дека САД ќе го бранат Тајван доколку Кина одлучи да изврши инвазија.

Позицијата на САД кон Тајван и изјавите на Бајден ги налутија Кинезите, а Блинкен нагласи дека Соединетите Држави се посветени на одржување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, објави БНР .

Во изјавата, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека Блинкен ја повторил осудата на САД за руската војна во Украина и предупреди дека ќе има последици доколку Кина ѝ даде поддршка на Москва.

Тој ја нагласи потребата да се одржат отворени линии на комуникација со Пекинг за да се намалат тензиите и истакна дека САД остануваат отворени за соработка со Народна Република Кина каде што се вкрстуваат нивните интереси.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни