САД ја прогласи иранската Исламска револуционерна гарда за терористичка организација - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

САД ја прогласи иранската Исламска револуционерна гарда за терористичка организација

САД денеска официјално ја прогласија иранската Исламска револуционерна гарда за странска терористичка организација.

Првпат американската администрација во историјата на САД прогласува орган на странска влада за терористичка организација. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе направи таков симболичен потег, кој е без преседан, што веднаш наиде на осуда од Иран и предизвика загриженост дека ќе бидат нападнати американските сили поради одмазда.

Новата одлука за прогласување на Гардата за терористичка организација ќе го олесни процесуирањето на компании или лица во Европска унија кои соработуваат со Иран.
Американскиот закон веќе ги казнува граѓаните на САД кои соработуваат со иранската Исламска револуционерна гарда дури со 20 години затвор бидејќи организацијата се наоѓа на американската специјална листа на глобални терористи, на кои се применува поинаков начин на санкционирање.

Исламската револуционерна гарда е елитно крило на иранската армија,
задолжено за заштита на режимот од внатрешни и надворешни закани.

The post САД ја прогласи иранската Исламска револуционерна гарда за терористичка организација appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com