Свет

САД поништи 77 визи на луѓе блиски до Мадуро

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска соопшти дека САД поништи 77 визи за официјални претставници на владата на венецуалскиот претседател Николас Мадуро или нивни роднини.

Минатата недела Вашпингтон укина визи за 49 поединци поврзани со Мадуро, во обид да се засили притисок врз Мадуро да се повлече од власта.

Стејт департментот минатата недела соопшшти дека рестрикции за визи се воведени за „поединци одговорни за загрозување на демократијата во Венецуела“ и дека таква практика ќе биде применета за „многубројниоте официјлани лица блиски на Мадуро како и нивните семејства“

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни