Училишта и други установи од Тексас до Џорџија денес се затворени или се подготвуваат за затворање поради најавата за ладен дожд и снег, кои според прогнозите, ќе зафатат голем дел од југот на САД.
Во Тексас е откажано учењето за повеќе од милион ученици, додека училиштата се затворени и во Канзас и во Литл Рок, главниот град на Арканзас.
Во областа на Далас, надлежните служби ги подготвиле патиштата пред очекуваните снежни наноси од пет до 10 сантиметри, додека на северот, близу Оклахома, се очекува до 12 сантиметри снег.