Македонија

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Кандидатот за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ Сафет Бишевац на својот Фејсбук профил објави дека тестирањето покажало дека е позитивен на коронавирус.

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на опозициската партија, на Фејсбук објави дека е позитивен на корона вирусот.

„Тестирањето покажа дека сум ПОЗИТИВЕН на ковид-19… За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита.. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем“, истакнува Бишевац.

Тој додава дека заедно со семејството во наредниот период ќе бидат во изолација, под надзор на матичен лекар.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни