Обвинителството во Аусбург поднесе обвинителен акт против 49-годишен маж поради сомнение дека намерно предизвикал сообраќајна несреќа во која тешко е повредена неговата сопруга.
Она што за многумина изгледаше како ужасна сообраќајна несреќа е всушност перфиден обид за атентат, тврдат истражителите.
Полицијата смета дека уапсениот намерно предизвикал сообраќајна несреќа за да ја убие сопругата. Таа неодамна од него побарала развод по 13 години брак, а тој нашол начин да и се одмазди за тоа.
На почетокот се преправаше дека го прифаќа разводот и дека разбира се, за да не предизвика сомнеж. Тој со нејзиниот автомобил отишол да го посети родниот град, а во еден момент забрзал и без кочење со голема брзина удрил во дрво.
Во таа прилика, според полицијата, тој намерно го гаѓал совозачкото седиште на кое седела неговата, тогаш се уште законска сопруга, пренесува Билд.
Во таа прилика жената се здобила со тешки телесни повреди, а мажот исто како и таа е пренесен во болница.
Државното обвинителство го товари за убиство во обид, нанесување тешки телесни повреди и предизвикување сообраќајна незгода. Тој во моментов е во притвор и го чека судењето.
