Салата со туна и леблебии

Потребно е:

  • 2 конзерви леблебии
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • 2 конзерви туна
  • 1 чешне лук
  • 1 китка магдонос
  • 1 лажиче сецкано свежо нане
  • 3 лажици сок од лимон
  • прстофат изрендана кора од лимон
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка:

– Ситно исецкајте ги кромидот и пиперката. Лукот издробете го.

– Во еден подлабок сад измешајте ги леблебиите, туната, кромидот, пиперката и се зачинете со лимонот, сол и бибер.

– Додадете ги сецканите магдонос и нане. На крај додадете го и маслиновото масло и убаво измешајте.