Големиот градски парк во Струмциа денеска личеше на спортска арена. Децата од спортските клубови заедно нивните другарчиња со посебни потреби го одбележаа Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. Нивните постигнувања на спортскиот терен ги виддоа и претставници на власта предводени од Премиерот Зоран Заев. Тој рече дека преку моделот на училишен спорт ќе го зголемат бројот ученици кои спортуваат од 5 на 50 илјади основнци и средношколци.
„Затоа, ги промовираме и поддржуваме политиките со кои ќе се зголеми бројот на граѓани, од сите возрасти, социјални групи и средини, кои секојдневно го применуваат спортот и спортско-рекреативните активности. Приоритет ставаме на создавањето квалитетен систем на спорт во училиштата. Нашата цел е да го зголемиме процентот на граѓани кои спортуваат од сегашните два процента од населението на 20 проценти, кои ќе бидат опфатени во спортот за сите“, изјави Зоран Заев – претседател на Влада на РСМ.
Лично, не пропуштал недела без возење мотор. Заев истакна дека спортот го промовира фер плејот, еднаквоста и силно се бори против расизмот и омразата.
Министерката Царовска истакна дека спортот е уште една алка во инклузијата на децата со пречки во развојот.
„Спортот е еден дел од нашето живеење, токму затоа овој ден е многу важно што го поздравуваме со директно вклучување во сите спортски екипи, кои што денеска се претставија тука, имаа во себе содржано и лица со попреченост. денешниот настан покажува дека навистина и децата со типичен и со нетипичен развој може заеднички да спортуваат, заеднички да се забавуваат и заеднички да го поминат денот, а тоа значи вистинска инклузија“, изјави Мила Царовска – Министер за труд и социјална политика.
Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски рече дека „Анализите покажувале дека во 2019 година процентот на деца кои спортуваат е неколкукратно зголемен од пред две години, што, според него, јасно покажува остварување на нашите амбициите и стратегијата за развој на спортот.
РЕПОРТЕР: КАТЕРИНА ДАФЧЕВА
The post Само 2 проценти млади спортуваат – Заев ретко игра фудбал, но секоја недела вози мотор appeared first on ТВ21.