Само дел од министрите присутни на посетата на Унгарија со премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Унгарија, во Будимпешта денеска положи венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои.

„Нека ова положување венци биде симбол на пријателството, благодарноста и заедничките вредности што ги споделуваат Северна Македонија и Унгарија“, се вели во објавата на Фејсбук-страницата на премиерот Мицкоски.

Од фотографиите објавени на Фејсбук се гледа дека со Мицкоски во Будимпешта се присутни само дел од министрите и заменик-министрите во Владата.

Во владината делегација која денес и утре ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит се министрите од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, но не и министрите од ЗНАМ и коалицијата „ВРЕДИ“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното