Вистинска драма се случува во соседството откако самопрогласен свештеник по име Атанас Стефанов направи хаос пред Министерството за надворешни работи во Софија.
Тој реши да застане пред службеното возило на министерката Надежда Нејнски и да одржи импровизирана „служба“ со навреди наместо молитви.
Ова не е првпат да има ваков инцидент од Стефанов. Тој, според бугарските медиуми, пред само неколку дена влегол во партиска канцеларија и се однесувал агресивно кон луѓето кои биле во неа.
Лани, пак, тој се фрли пред колоната возила на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија, извикувајќи навреди, по што полицијата го уапси.
Претходно, тој предизвика инцидент кога јавно ги навредуваше и беше агресивен кон поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и неколкумина членови на неговата партија.
