СДСМ бара оставка од Кочоска: Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, не заслужува да води министерство!

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката  на СДСМ, Славјанка Петровска.
На прес-конференцијата, пратеничката Јована Треневска, нагласи дека министерка која понижува граѓанки не заслужува да води министерство.
„Министерка која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискриминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во влада која тврди дека работи за сите граѓани. Затоа, денес сме тука, гласно и јасно да побараме – Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Оставка ќе бараме секој ден додека не си оди од функцијата. Само така може да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација“, рече Тренчевска.
При тоа посочи дека оваа осуда не смее да трае само еден ден, туку тоа ова мора да биде пресвртница во борбата за достоинство и еднаквост.
„Вчера бевме сведоци на нешто срамно, нешто што не смее да помине како „обична политичка дебата“. Министерката за финансии, Гордана Кочоска, упати навреда која погодува длабоко – не само кон пратеничката Славјанка Петровска, туку кон секоја жена, секој човек кој некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден. Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност“, нагласи пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното