Од СДСМ со реакција по повод обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која ја обвини власта за катастрофалната екомонија во земјата. Од владеачката партија велат дека неколку параметри покажуваат дека економијата се движи во добар правец.
„Бројни економски параметри ја докажуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ. Економијата се движи во добар правец.
Потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018. Во истиот период, стапката на невработеност паднала на 19,4 отсто што е историски минимум.
Само во минатата година отворени се нови 26.600 добро платени работни места, а забележан е и рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра. Ова не се само обични бројки. Ова се конкретни, реални резултати, ова се нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување квалитетни и одржливи економски политики што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повеќе пари за граѓаните.“, велат од СДСМ.