Македонија

СДСМ: Го намалуваме долгот што го направи антинародното ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со ново соопштение ги „брани“ своите постапки и политики, и го демантира ВМРО-ДПМНЕ, партија која претходно рече дека власта одново ја задолжува државата. Од владеачката партија, пак, напоменаа дека не само што информацијата е неточна, туку дека го намалуваат долгот направен од минатата владечка структура.

„Антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја задолжуваше државата и ги осиромашуваше граѓаните е фатено во нова лага.

Не е точно односно целосно лажно е денешното тврдење на ВМРО ДПМНЕ дека на вчерашната аукција има ново задолжување.  Напротив, не само што нема ново задолжување туку нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 10,6 милиони денари или околу 173.000 евра.

Како што јавно соопшти Министерството за финансии, на вчерашната аукција на државни хартии од вредност запишани се 21,13 милиони евра, а 21,30 милиони евра ќе се вратат  по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.

Со тоа, нето задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 10,6 милиони денари.

Преку сериозен пристап и одговорно управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ и Министерството за финансии, го ставија  јавниот долг под контрола, воедно ја намалија фреквенцијата на задолжувања, а каматните стапки за задолжувања се далеку пониски од каматните стапки од задолжувањата за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, изјавија од СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни