СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже!

Скопје е втор најзагаден град во Европа, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Граѓаните на Скопје дишат отров, токсични материикои штетни по здравјето на луѓето.

Се вчитува...

Наместо да инвестира пари во проекти и политики за почист воздух, наместо да преземе мерки и да ги заштити граѓаните, владата на Мицкоски гледа како повеќе пари да испумпа преку криминални тендери.

161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, само за тоа има владата на Мицкоски пари. Нема за инвестиции во мерки за почист воздух.

Дополнително, по методите на Вучич и Груевски, Христијан Мицкоски ги лаже граѓаните дека воздухот бил почист од Виена.

На толку многу лажни изјави јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција.

Што е следно, ќе забранат да се зборува за загадениот воздух во Скопје затоа што Мицкоски кажа дека е чист?“ – се вели во соопштението на СДСМ.