Македонија

СДСМ: Мицкоски да каже дали се сретна со Груевски?; ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто го следи нашиот лидер?

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска меѓусебно се „прекупуваа“ со соопштенија. Едните бараат лидерот на опозиицјата Мицкоски да одговори дали навистина бил „транзитно“ од Будимпешта, или со намера да се сретне со Никола Груевски, а другите бараат одговори кој и зошто го следи нивниот претседател.

„ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на “транзитно” патување преку Будимпешта. Доколку се вратил Мицкоски од “транзитното” патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски? Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?“, прашуваат од СДСМ.

Вратија од ВМРО-ДПМНЕ:

„СДСМ треба да одговори на прашањето чие е возилото Бентли со струмички регистерски ознаки кое што го следи лидерот на опозицијата? Кој го управува и кој издал наредба за да се следи и снима лидерот на опозицијата? Која е целта на следењето и кој ја финансира оваа незаконска операција? Како што наближува денот на гласање се поочигледен е стравот и паниката на Зоран Заев од неизбежниот изборен пораз. Затоа Заев и СДСМ се одлучуваат на вакви очајнички чекори. Инаку претседателот Мицкоски беше во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а самиот престој е од приватен карактер“, велат од опозицијата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни