СДСМ се огласи со соопштение по повод објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за пресудите за 27 април. Од владеачката партија вратија дека одговорност за настаните од најтрагичниот ден од независноста 27 април, мора да има.
„Било какви обиди да се оправда насилството на 27 април е недозволиво. Граѓаните гледаат каква омраза излегува од устата на Мицкоски. Однесувањето на Мицкоски е идентично како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.
Режимската матрица на Груевски живее во Мицкоски. Тоа е истата матрица која 11 години ја тероризираше земјава и нејзините граѓани, спроведуваше линч кон неистомислениците и која впрочем го организираше насилството на 27ми април.
Изјавите на Мицкоски немаат никаква врска со правото, судовите се независни и тие носат одлуки дали некој е виновен или не. 27ми април е најтрагичниот ден од независноста до денеска. За нарачателите и извршителите на тоа насолство одговорност мора да има.
Република Северна Македонија е правна држава а Мицкоски брани насилници и ништо повеќе.“, велат од СДСМ.