Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.
„Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски.
СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста.
Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.
Денеска во Куманово според информациите од медиумите можело дете да загине додека се враќа од училиште.
Со блиндирани возила ли треба граѓаните да ги носат децата во школо?
СДСМ предупредува дека вакви инциденти не се изолирани и ја покажуваат целосната неспособност на Тошковски и ДПМНЕ.
Партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ, харањето по партиски штабов и злоупотребата на БЈБ се на директна штета на безбедноста на граѓаните. Тоа ги охрабрува криминалните структури.
Уште колку луѓе треба да настрадаат, уште колку луѓе треба да бидат убиени за Тошковски конено да си поднесе оставка?
Оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради очигледниот системски колапс на јавната безбедност и недоволна превенција на насилни инциденти мора да има“, велат од СДСМ.
Читај и ова:
- 1.ВИДЕО Објавена снимка од пукањето во Куманово
- 2.ВИДЕО Први снимки од местото каде попладнево се пукаше во Куманово
- 3.Пукање во Куманово, повреден доктор!
- 4.Се огласи синот на Халид Бешлиќ по смртта на неговиот татко: „Добро сме сите…“
- 5.23-годишниот Кристијан од Кочани се бори за живот во Хрватска – потребна е итна помош