Македонија

СДСМ: Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

СДСМ: Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Од СДСМ денеска велат дека градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога.

Според нив, Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него.

„Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани.

Мицкоски го гледавме на слики како седи на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.

За разлика од цело ДПМНЕ, Јон Фрчкоски си поднесе оставка и се повлече од позицијата.

ДПМНЕ и Петрушевски се последните кои можат да ја прозиваат СДСМ“, велат од СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни