СДСМ: Подмладокот на Мицкоски ја промаши адресата, палатата на ВМРО-ДПМНЕ е симболот за црното време

СДСМ реагира по повод прес-конференцијата на Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ и оставањето на стари панталони со искинати и празни џебови пред Министерството за финансии. Од владеачката партија соопштија дека вистинската адреса за црното време е палатата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерниот подмладок на антизападниот пион Христијан Мицкоски ја промашил адресата: прескапиот бел дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболот на криминалот и корупцијата е вистинската адреса за црното време, црната сиромашија и црнилата врз младите.

Се вчитува...

Подмладокот на Мицкоски треба да тропне на вратата на Мицкоски, во неговиот удобен кабинет во белиот дворец и да го праша за 11 години црнила на режимот на Никола Груевски, особено за времето кога тој му беше советник.

Да го прашаат Христијан Мицкоски за што го советувал Никола Груевски, за погубните политики што резултираа со масовно отселување на младите.

Заради погубните и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, младите со години масовно се иселуваа, образованието беше урнисано, а младинската невработеност постојано растеше.

Тоа црно време заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Извор: ТВ21