Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава против Славевски за несовесно работење

СДСМ поднесе кривична пријава против Славевски за несовесно работење

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, објави дека партијата поднела нова кривична пријава против гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија, Трајко Славевски.

Како што посочи, постои основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, согласно член 353-в од Кривичниот законик, при што, според него, со своето постапување е предизвикана штета врз буџетот и правниот поредок.

Димитријевиќ наведе три клучни основи за пријавата: пробивање на законскиот рок за предлог на вицегувернери, што го доведува во прашање функционирањето на институцијата; сомнежи дека по истек на мандат биле исплаќани плати на лица кои веќе немале право на функцијата; како и тоа дека тие лица продолжиле да учествуваат во одлучувањето, што, според СДСМ, ги прави донесените одлуки правно спорни.

Тој порача дека, како што рече, „борбата продолжува“ и дека сите кои го прекршиле законот ќе одговараат, додавајќи дека одговорност ќе има кога правосудниот систем ќе функционира без притисоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни