Од СДСМ велат дека Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандати за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон.
Тие прашуваат во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот?
„Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.
Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.
СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.
И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува“, велат од СДСМ.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината