СДСМ: Со дневната евтина тарифа на струјата, 64 милиони евра назад кај граѓаните за четири години

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, силно се посветени на реализација на мерки и политики што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.

Една од клучните мерки е враќањето на дневната евтина тарифа на струјата, која беше укината од ВМРО-ДПМНЕ.

Точно пред четири години, беше донесена одлуката за воведување на дневната евтина тарифа на струјата секој работен ден од 14 до 16 часот.

Само со оваа мерка, годишно граѓаните заштедуваат околу 16 милиони евра, односно, за четири години тоа е заштеда од вкупно 64 милиони евра, пари кои останале во семејните буџети на граѓаните.

Истовремено, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, оваа година донесоа законски измени за намалување на ДДВ на електрична енергија со што домаќинствата ги заштитивме од ценовни шокови, односно, од покачување на цената на електричната енергија.

Воведувањето на евтината дневна тарифа на струјата, укинувањето на радиодифузната такса, проектот Мој ДДВ како и предлог за проширување на Листата на социјално-ранливите категории на граѓани кој добиваат социјални пакети за субвенции за енергија, односно струја, се само дел од мерките со кои парите ги враќаме назад кај граѓаните.

Повеќе пари во секое семејство, повисок животен стандард се врвните приоритети од кои не отстапуваме.

Како одговорна партија, остануваме посветени на мерките и политиките кои носат повеќе пари кај граѓаните.

Продолжуваме со вистинската грижа за сите категории граѓани.

Интегрален текст – СДСМ