СДСМ со документи за скандалот – Кузеска: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити?

Предаваме документи до самопрогласениот главниот државен обвинител, кадија и врховен судија, изјави на прес-конференцијата, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Денеска ќе му ги доставиме документите на премиерот Мицкоски за скандалот со вицепремиерот Меџити.

Чувствуваме одговорност да реагираме веднаш откако Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата.

Еве ги тие документи коишто до нас се доставени од свиркачи и кои се од државни инситуции, со архивски броеви, печати и потписи.

Овде јасно е наведено дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето, дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети.

Дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните.

Според ова наведено во овие документи, во Министерството за животна средина бил поставен систем за потпис и одлучување спротиво на законите и административните процедури, што отвора сомнежи за корупција и мито.

Очекуваме Мицкоски да ги прочита, да ги разгледа внимателно и да одговори на сите овие сомнежи за злоупотреби и можна корупција.

Ајде да видиме сега дали нешто ќе преземе премиерот со овие докази во рака. Дали ќе ги повика надлежните институции да реагираат, или Мицкоски ќе продолжи да го штити Изет Меџити?“ – вели Кузеска.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното