СДСМ со реакција по повод изјавата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
„Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани.
Мачнина се гледа на ликот на Мицкоски кој се уште зборува „за удари“ со истиот боксерски речник како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.
По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот – криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност.
Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад„, велат од СДСМ.