СДСМ: Власта има буџет од 6 милијарди евра а не сака да ги покачи платите на работниците

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи  плати на работниците во јавниот сектор, велат од СДСМ.

„Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле.

За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците? Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата, но не и за поголеми плати за работниците.

Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.

Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%.

СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор“, велат во соопштение од СДСМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното