СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат што значи помирување, правда мора да има

СДСМ со реакција по повод барањата на Христијан Мицкоски и на ВМРО ДПМНЕ за амнестија на инволвираните во настанот на 27. април. Тие соопштуваат дека лидерот на партијата Мицкоски, кого го нарекуваат „пион“ на Никола Груевски, не знае што е тоа помирување, и дека правда мора да има.

„Антизападното и антимакедонско раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски -пионот на носителот на криминалот, Никола Груевски, не знае што значи тоа помирување и национално обединување.

Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека заврши времето кога некој монтираше случаи и диктираше судски пресуди. Ниту законодавната, ниту извршната власт не можат и не смеат да се мешаат ниту пак да влијаат врз судството.

На Македонија и е потребно помирување и национално обединување околу иднината на државата, околу стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес започна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Република Македонија.

Пионот на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, правда мора да има.

Македонија е правна држава, има независно  судство коешто работи неселективно и единствено според законските прописи.“, се вели во соопштението на СДСМ.