Се бара бас гитарата на Пол Макартни која исчезна во 1969 година

Започнатa е глобално потрага по еден од најпознатите светски инструменти – оригиналната бас гитара Хофнер на Пол Макартни.

Мекартни го купил инструментот за 30 фунти (38 долари) во Хамбург, Германија, во 1961 година, но тој исчезнал осум години подоцна.

Басот се појавува во музиката на Битлси од тие години, вклучувајќи ги хитовите Love Me Do и She Loves You.

Ник Вас го предводи проектот „Lost Bass“ за пребарување на гитарата и ги здружи силите со двајца новинари во обидот да ја реши „најголемата мистерија во историјата на рокенролот“. Тој соработуваше интензивно со Мекартни и напиша книга за исчезнатиот Хофнер.

Вас за Би-Би-Си изјави дека славниот Битлс го прашал за гитарата за време на неодамнешниот разговор – и така започнала кампањата за нејзино пронаоѓање.

„Не е јасно што се случи со инструментот, кој беше отфрлен веројатно откако Битлси го завршија снимањето на „Врати се назад“ во 1969 година“, рече тој.