Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум овие денови уживаат во Мексико, каде решија да го прослават 37-от роденден на музичката ѕвезда.
– Кога имаш 37 години, мамурлуците траат од пет до седум работни дена – се пошегува Кети покрај неколку фотографии со кои покажа како прославила на Инстаграм.
Покажа дека јава коњи со пријателите, гледала филм на плажа, правела забава, насекаде имало розови и златни балони, била на видео со родителите, го гушкала Орландо на јахта, носела лента со натпис „роденденче „.. Кети откри и дека добила неколку прекрасни букети цвеќе и емотивни пораки од нејзините пријатели.
Самиот Орландо објави фотографија на која се гушка со Кети додека таа се подготвува да ја дува свеќата на колачето.
- Ќе те славам денес и секој ден. Те сакам – и рекол актерот на пејачката.
