Неколку пати се чистеше, но граѓаните кои живееја во шатори, повторно се враќаа на ова место. Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дојдоа да ја чистат импровизираната населба под Скопското кале. Царовска рече дека жителите кои живееле овде зимата ќе ја поминат на посоодветни места а не во шатори.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека ова место се чисти втор пат за две години.
Станува збор за 80 жители односно 14 семејства кои живееја овде.
ТВ21 неколку пати известуваше за условите во кои живеат овие ромски семејства, особено преку зима.