Град Скопје денеска спроведува темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Сите јавни претпријатија се вклучени во сеопфатна и темелна акција за чистење на срцето на македонското здравство, кое секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата“, истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека акцијата е одговор на долгогодишната негрижа и оправданите реакции од граѓаните.
Во рамки на активностите, се перат и чистат улиците и паркинг просторите, се отстранува опасната вегетација, се чистат сливниците, се метат сите површини со специјализирани возила, а се подига и кабастиот и комуналниот отпад.
„Местото каде што се лекува народот мора да биде чисто, безбедно и достоинствено. Секој агол се уредува со цел Клиничкиот центар да добие лик каков што заслужува“, нагласи градоначалникот.
Ѓорѓиевски најави дека ова е само почеток на континуирана грижа, која ќе продолжи и во иднина, со цел сите граѓани на Скопје и Македонија да имаат достоинствено и чисто здравствено окружување.
