Македонија

Се читаа СМС пораки за случајот „Титаник“: Им давам пари на луѓето за да честат кафе

На денешното судско рочиште за случајот „Титаник“ беа прочитани СМС пораки меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и друго непознато лице. Во пораките од 2011 и 2013 година Јанакиески дава насоки за гласачите и за списоци, како и забелешки дека некој открил дека постојат фалсификувани лични карти на лица од Пустец.

Во пораките со непознатото лице, Јанакиевски му кажува дека има список на лица кои гласале за СДСМ во општина Центар, и бара од него да се спречат тие лица да гласаат.

Во една од пораките пишува „им ги плаќаме на луѓето кафињата по рестораните, плус им плаќаме по 1000 денари за глас“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни