Македонија

„Се гаси“ постот на Хазби Лика? Веќе нема да има Секретаријат за Рамковен договор

По 17 години постоење, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, ќе се укине. Во предлогот на Владата, испратен до Собрание, се предлага основање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое ќе ги презема надлежностите на Секретаријатот.

Предлогот на Владата, беше предвиден да се разгледа на 14 март на пленарна собраниска седница, за измена на Законот за Влада, со кој се предвидува основањето на ова министерство. Но по барање на ДУИ беше ставено на дневен ред во Комисијата за политички систем.

„Предлог-измените и надополнувањата на законот за организирање на работата на државните органи и третата точка од дневниот ред, да биде предлог-законот за промена на Законот за Влада на Р. Северна Македонија“, рече Реџаил Исмаили, пратеник на ДУИ.

Против овој закон беа турските пратеници, Јусуф Асани и Енис Ибрахими. Но патерникот на ДУИ, Исмаили, се обидуваше да ги убеди.

Реагираше пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој рече дека првата одлука е донесена во времето на владеењето на ВМРО-ДУИ, но не беше реализирана поради политичката криза.

„Препораките за претворање на Секретаријатот за Рамковниот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, извира од неколку извештаи на Европската комисија за унапредување на Македонија и од извештајот на Европскиот мировен институт поддржано од ОБСЕ и Европската комисија, усвоено од минатата Влада, и актуелната Влада, и исто така беше дел од разговорите за усогласување на нашите изборни програми“, изјави Артан Груби, пратеник на ДУИ.

 Со ова се согласи пратеникот на СДСМ.

На крај, членовите на Комисијата за политички систем меѓу заедниците, ја усвоија потребата за донесување на Законот на првото читање, за Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор да се трансформира во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Законот стапува на сила од 1 јуни, а новото министерство, вработените, опремата и другите средства ќе ги зема од Секретаријатот. Засега неизвесно е кој ќе раководи со овој ресор.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни