Македонија

Се надева на 150 илјади гласови, Блерим Река: Нема да тргувам со албанските гласови

Блерим Река, кандидат за претседател, тврди дека до овие претседателски избори, албанските гласови немале политичка вредност, бидејќи претходно се тргувало со нив со цел Македонец да биде избран за шеф на државата. Тој гарантира дека нема да прави политички пазар со гласовите.

„Секако дека не сум овластен, ниту сум сопственик, а уште помалку трговец на гласови, кој би можел 100 или 200 илјади гласа да ги продаде или да ги даде на заем. Мене не ме интересираат функциите, тендерите, богатството, за било каква комбинација во вториот круг од изборите. Доколку има такви математики на моја сметка и гласовите добиени во мојата кандидатура, од сега ќе кажам дека ќе се разочараат, нема да има такво нешто“, истакна кандидатот за претседател, Блерим Река.

 Река вели дека нема политичка амбиција. Единствената причина поради која влегол во претседателската трка е да ја тестира неговата политичката легитимност во индивидуална трка за Претседател. Тој додаде дека никогаш не бил член на ДУИ.

„Последните денови се крена прашина дека Блерим Река е од ДУИ, кадар на ДУИ. Јас никогаш не негирав дека предлогот за Амбасадор на Македонија во Брисел, го дал ДУИ како дел од Владата на Бучковски. Не знам колку пати треба да го повторам ова. Како што овој факт е неоспорлив, исто така неоспорлив е фактот дека јас никогаш не сум бил член на ДУИ. Со завршувањето на функцијата амбасадор во Брисел, јас не заминав во ДУИ“, објасни Река.

Река смета дека може да добие 120-150 илјади гласови. Вели дека не е сигурен, доколку биде избран за шеф на државата, ќе живее во Вила Водно. Според него нема потреба за таков претседателски луксуз. Додава дека вилата може да се претвори во музеј или да се користи за пречек на високи државни функционери од странство.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни