Заедницата почна да ги разбира и да го намалува степенот на предрасудите за семејствата кои имаат роднина или дете со посебни потреби или со даунов синдром. Логопедот, Мухарем Смајли, вели дека многу родители почнале да ги праќаат нивните деца на соодветен психички и психолошки третман. Со ист став е и Висар Садику, психолог од Косово. Тој вели дека во моментов заедницата нема многу предрасуди. Смајли и Садику меѓу другото додаваат дека родителите чии деца се сочуваат со некаков проблем, истите ги адресираат само кога ќе забележат значителни промени кај детето.
„Најчесто, тие настојуваат децата да бидат затворени дома. Поради тоа, ние секогаш се трудиме да ги освестиме родителите, бидејќи не е срам да имаш некое лице со даунов синдром или некоја друга попреченост. Имаме многу родители кои доаѓаат и се консултираат со нас околу состојбата на нивните деца или блиски, независно за кого станува збор“, изјави Мухарем Смајли, дипломиран логопед.
Психологот Висар Садику, вели дека предрасудите почнале да стивнуваат, но не целосно. Додава дека предрасудите ќе бидат присутни цел живот.
„Вообичаено родителите се вознемируваат само кога доцни комуникацијата и секогаш бараат помош со цел да ја дознаат причината поради доцнењето на изразувањето. Заедницата нема толку предрасуди, како порано. Тие разменуваат информации меѓу себе и се забележува успехот, особено на логопедите кои нудат терапија, односно комуникација за децата“, изјави Висар Садику, психолог.
На прашањето околу интеграцијата на децата со посебни потреби во општеството, Смајли и Садику рекоа дека се интегрираат но со потешкотии. Инаку, 6-ти март се одбележува како Европски ден на логопедија, па поради тоа во општина Чаир, Унијата на логопеди Албанци одржа обука околу разни теми поврзани со секојдневните проблеми со кои се соочуваат овие деца.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ