Се обидел да излезе со фалсификат пасош на Табановце, завршил во полиција

На 21.11.2018 година во 16,00 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лице Љ.С.(34) од Куманово било утврдено дека патната исправа била фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.

Извор: ТВ21