Македонија

Се обидел да ја ограби и не успеал, па ја турнал на земја и избегал

На 10.08.2024 година во 19.11 часот во СВР Куманово било пријавено од С.И. (68) од Куманово, дека додека се движела низ градот, едно лице се обидело да и го одземе од рака нејзиниот паричник, и откако не успеало во намерата ја турнал на земја и го напуштил местото на настанот.

С.И. од падот се здобила со повреди, констатирани во Градската општа болница Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни