Македонија

Се обидел насилно да отвори врата од возило и да изврши кражба – полицијата го фати на лице место

Се обидел насилно да отвори врата од возило и да изврши кражба – полицијата го фати на лице место

На 28.12.2022 во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид.

Тој бил затекнат на ул.„Јане Сандански“ во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни