Македонија

Се одвојуваат повеќе средства за активните мерки за вработување и за поддршка на домашните и странски инвестиции, велат од СДСМ

Зголемувањето на просечната плата од 8,1 отсто последните две години е во голема, економијата се движи во добар правец. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжувааат да даваат реални, видливи резултати што ја движат економијата и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ.

„Растот на просечната плата во декември 2018 од 8,1 отсто е најголем раст на просечната плата во последните девет години. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година кога таа изнесувала 23 850 денари“, истакнуваат од СДСМ. Трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година и тоа во сите сектори. Се одвојуваат повеќе средства за активните мерки за вработување и за поддршка на домашните и странски инвестиции“ – СДСМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни