Македонија

Се огласи Агелер: Понудена е секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата на САД

Се огласи Агелер: Понудена е секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата на САД

Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер преку социјалната мрежа Х испрати сочувство за жртвите од страшната трагедија во Кочани.

Како што вели, загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија.

„Срцето утрово ми се кине за многуте жртви во синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство оди до жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Загубата на толку многу млади животи во една заедница е страшна трагедија. Му понудив секаква помош и целосни ресурси на Амбасадата на САД на премиерот, како и нашите молитви за сите оние кои страдаат денес“, вели Агелер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни