Се огласи прес службата на Ватикан: Ова се новите информации за состојбата на папата Франциск

Се подобрува здравствената состојба на папата Франциск, а забележително е подобрување на моторните, респираторните и гласовните функции, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

Според извештаите, папата, кој на 23 март ја напуштил римската болница Џемели каде што се лекувал од пневмонија, продолжува со работните активности и состаноци со претставници на Светата столица, а подготвил и напишал медитации кои ќе бидат прочитани за време на богослужбата на Велики петок пред Велигден.

Прес-службата објави и дека папата сега се помалку прима терапија со кислород, што во моментов е сè поограничено, додека тој продолжува со физиотерапијата, пренесува Ватикан Њус.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното