Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков зборуваше по информациите дека руски противвоздушен проектил соборил азербејџански авион што се урна вчера во Казахстан, при што загинаа 38 лица.
Недолго откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руски проектил, реагираше Песков.
– Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, тоа нема да го правиме и никој не треба. Треба да почекаме да заврши истрагата, рече Песков.